Дописници МКДОпштински вести

Згрижени оштетените станари од опожарената зграда во Гевгелија

На семејствата чии станови беа целосно изгорени или пак оштетени во пожарот на колективната станбена зграда, општина Гевгелија им обезбеди времено сместување и им додели еднократна парична помош во висина на едномесечна просечна плата која им беше исплатена уште во текот на вчерашниот ден, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Гевгелија,1 август 2019(МИА) – На семејствата чии станови беа целосно изгорени или пак оштетени во пожарот на колективната станбена зграда, општина Гевгелија им обезбеди времено сместување и им додели еднократна парична помош во висина на едномесечна просечна плата која им беше исплатена уште во текот на вчерашниот ден, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Еднократната парична помош им е исплатена и на станарите од петтиот кат на зградата кои се повеќе или делумно оштетени при интервенцијата на пожарникарите.

Средба со оштетените станари оствари и претседателот на општинскиот Совет, Ташко Дојчинов на која беше договорена акција за расчистување на опожарените станови во која ќе бидат вклучени комуналните работници и хумани граѓани.

Претходно ЈПКД „Комуналец“, ќе изврши контрола на водоводната мрежа, а ЕВН најави дека ќе изврши приклучување на електричната енергија во зградата. им/ир

Таг
Back to top button
Close