Дописници МКДОпштински вести

Здравствениот дом во Ресен доби медицинска опрема

Здравствениот дом во Ресен доби донација од медицинска опрема и помагала со помош на семејството Томас и Марија Росенгрен oд Шведска, а транспортот го обезбедила Канадско-американската епархија.

Ресен, 5 август 2019 (МИА) – Здравствениот дом во Ресен доби донација од медицинска опрема и помагала со помош на семејството Томас и Марија Росенгрен oд Шведска, а транспортот го обезбедила Канадско-американската епархија.

Донацијата, како што информира за МИА директорката на установата Сања Андоновска, се состои од канцелариски мебел, болнички кревети, постелнини, апарати, санитетски материјали, инвалидски колички и други помагала за лицата со посебни потреби…

– Со опремата ќе се подобрат условите во Здравствениот дом во Ресен, но и услугата за пациентите. Со донацијата ќе бидат задоволени потребите на граѓаните, нагласи Андоновска.

Посебна Комисија во соработка со Фондот за здравствено осигурување, појасни, ќе прави проценка на кои лица со посебни потреби ќе им бидат дадени електромоторни скутери и други помагала.

– Комисија ќе одлучува каде може да се донираат помагалата за лицата со посебни потреби. Целта е да се дадат таму каде што е најпотребно и каде што ќе проценат стручните лица, рече Андоновска.

Додаде дека дел од опремата ќе биде наменета и за Итната медицинска помош, како и за мобилната патронажна служба

Јавната здравствена установа Здравствен дом Ресен опслужува околу 15.000 осигуреници на територијата на Преспа. сс/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close