0_Спорт.ПорталФудбал

Заха бесен на Палас

За него имаше голем интерес од Евертон, а самиот тој поднесе барање за трансфер, но на крајот ќе ја започне сезоната во неговиот сегашен состав.

Лондон, 9 август 2019 (МИА) – Вилфред Заха е бесен на шефовите на Кристал Палас, откри менаџерот Рој Хоџсон, откако ѕвездата на тимот остана кај „орлите“.

За него имаше голем интерес од Евертон, а самиот тој поднесе барање за трансфер, но на крајот ќе ја започне сезоната во неговиот сегашен состав.

– Да, тој останува и јас сум задоволен од тоа бидејќи тој е важен за клубот. Ние сме во добри односи, но знам дека тој е бесен на претседателот и на клубот, бидејќи сакаше да си замине, а тие не ги прифатија добиените понуди како доволни. Како и да е, тој има долгорочен договор и очекуваме да го исполни, рече Хоџсон.

Се вели дека во зима Заха повторно ќе се обиде да си замине.вз

Таг
Back to top button
Close