Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во Северна Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од источен правец.

Скопје, 2 август 2019 (МИА) – Времето во Северна Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 9 и 18, а дневната ќе достигне од 30 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Back to top button
Close