Дописници МКДХроника

Во сообраќајка во тетовско повреден малолетен пешак

Малолетник од Боговиње бил повреден откако вчера во селото Калник во него удрил 20-годишник, кој управувал со возило марка Бе-Ем-Ве. 

Тетово, 5 август 2019 (МИА) – Малолетник од Боговиње бил повреден откако вчера во селото Калник во него удрил 20-годишник, кој управувал со возило марка Бе-Ем-Ве.

– Вчера околу 11 часот и 30 минути, било пријавено дека во тетовското село Калник, патничко моторно возило Бе-Ем-Ве со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А. (20) од селото Калник, удрило во малолетник од тетовско Боговиње. Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово за укажување на лекарска помош, информира СВР Тетово.

По незгодата, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Тетово. ас/бт/

Таг
Back to top button
Close