Дописници МКДОпштински вести

Во полошко повредени 21 пешак во јули

По сообраќајниците низ полошкиот регион минатиот месец биле повредени 21 пешак, а во август три лица. Полицијата од минатиот месец значително го зголеми присуството на градските улици, посебно на крстосниците за подобрување на вкупната безбедност.

Гостивар, 8 август 2019 (МИА) – По сообраќајниците низ полошкиот регион минатиот месец биле повредени 21 пешак, а во август три лица. Полицијата од минатиот месец значително го зголеми присуството на градските улици, посебно на крстосниците за подобрување на вкупната безбедност.

Според евиденцијата на на СВР Тетово, во текот на јули оваа година, на поширокото тетовско подрачје вкупно регистрирани се 17 повредени пешаци. Од нив пет завршиле со тешки, а 12 со лесни телесни повреди. Најголемиот број од ваквите несреќи се случиле на тетовските улици. Минатиот месец на тетовското подрачје се случиле вкупно 99 сообраќајни несреќи, од кои 70 во населено место и 29 на отворен пат. Во овој период на гостиварското подрачје, пак, во сообраќајни несреќи вкупно повредени се четири пешаци (еден со тешки и три со лесни повреди).

Поради зголемената сообраќајна динамика на подрачјето, од СВР Тетово се апелираат на поголема внимателност на возачите и пешаците со што би се избегнале последици.

– На возачите им се советува да ја намалат брзината пред пешачките премини, особено на пофреквентните улици во Тетово и Гостивар и задолжително да им дадат предност на пешаците. Во спротивно, возачите ќе се соочат со соодветни поднесоци и парична глоба која за овој вид прекршок се движи од 200 до 300 евра, наведуваат од СВР Тетово.

Апел за поголема внимателност се упатува и до пешаците да не ги преминуваат улиците каде што ќе стигнат, туку само на обележани премини и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци и светлосна сигнализација.

Непочитувањето ќе се санкционира со поднесоци и глоба која изнесува 45 евра во денарска противвредност.згм/ир

 

Таг
Back to top button
Close