СветСвет.Портал

Во Хонг Конг уапсен лидер на забранета партија за независност

Полицијата во Хонг Конг уапси осум лица, помеѓу кои и Енди Чан, основачот на забранета Национална партија на Хонг Конг

Хонг Конг, 2 август 2019 (МИА) – Полицијата во Хонг Конг уапси осум лица, помеѓу кои и Енди Чан, основачот на забранета Национална партија на Хонг Конг.

Според полицијата тие се уапсени поради поседување на оружје и експлозив.

Национална партија на Хонг Конг е формирана во 2016 година, а нејзините членови се жалат на влијанието на копнениот дел на Кина врз Хонг Конг.

Партијата е забранета во септември 2018 година со образложение дека ја загрозува националната безбедност. ми/

Таг
Back to top button
Close