ЕвропаЕвропа.Портал

Во Британија отстранет проблемот кој доведе до прекин на снабдувањето со струја

Националната електромрежа на Велика Британија соопшти синоќа дека е отстранет проблемот поради кој вчера немаше струја во делови на Лондон и во југоисточна Англија.

Лондон, 10 август 2019 (МИА) – Националната електромрежа на Велика Британија соопшти синоќа дека е отстранет проблемот поради кој вчера немаше струја во делови на Лондон и во југоисточна Англија.

Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија не сообраќаа возовите и не работеа семафорите, а имаше проблеми и на аеродромите.

– Имаше дефект на два генератори, што доведе до прекин на елетричното напојување во одредени делови на земјата, изјави портпаролката на Електромрежа, додавајќи дека проблемот е решен. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close