Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште

СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести. Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати. Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Скопје, 18 август 2019

СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести.

Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.

Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. И што е најстрашно не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Неспособноста на СДСМ се виде за овие три години. Потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори и да се стави крај на уништувањето на земјоделието. Време е да се започне обнова на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close