Општински вестиСкопје

Викендов изменет сообраќаен режим поради Европско атлетско првенство

Викендов во период од 14:00 до 22:00 часот ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржувањето на Европското атлетско екипно првенство во националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Скопје, 9 август 2019 (МИА) – Викендов во период од 14:00 до 22:00 часот ќе се воведе посебен сообраќаен режим поради одржувањето на Европското атлетско екипно првенство во националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, за сообраќај ќе биде затворена улицата позади западната трибина на националната арена „Тоше Проески“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. бт/цр

Таг
Back to top button
Close