0_Македонија.ПорталДописници МКДСторија

Традицијата наречена ,,Црвенџиска средба” и можностите за работа во Германија

Се ближи 9 август, датум кога во селото Бигла се одржува семејната слава kaj Васеви, наречена Црвенџиска средба, средба што е една од ретките која веќе 11 години по ред ги собира, роднините од Црвенџиско маало, пријателите и гостите намерници на заедничка дружба во село Бигла. Семејството прекарот го добилл по бабата на Васев која била позната по тоа кога играла на веселби се црвенеела во лицето и така останал зборот Црвенџии.

Делчево, 7 август 2019 (МИА) – Се ближи 9 август, датум кога во селото Бигла се одржува семејната слава кај Васеви, наречена Црвенџиска средба, средба што е една од ретките која веќе 11 години по ред ги собира, роднините од Црвенџиско маало, пријателите и гостите намерници на заедничка дружба во село Бигла. Семејството прекарот го добилл по бабата на Васев која била позната по тоа кога играла на веселби се црвенеела во лицето и така останал зборот Црвенџии.
– Сега е лето кога сите ние иселеници копнееме по родните места, исто и јас се радувам кога е август, посебно 9 август, ден кога сите роднини и пријатели се поканети на една заедничка средба, на песна и оро, да се видиме, да се поздравиме. На 9 август во чест на свети Пантелејмон, сакаме да си ја задржиме таа слава во нашето маало, бидејќи баба и дедо починаа пред 12-13 години и мојата идеја беше да направиме таква средба за нашите најмили и за нашите другари, тоа е осветена слава има свечен ручек. Оваа година на Црвенџиската средба пак ќе не забавува 11- пат „Модерато бенд“, секоја година има разни естрадни уметници, секоја година имаме додатни изненадувања. Минатата година присутните ги забавуваше по мене естрадната ѕвезда број еден во Македонија, Јордан Митев, кој е и мој пријател и кој настапи и на петтата Црвенџиска средба, пред тоа настапи Елена Јовчевска, настапуваше една година и Орце Стефковски. Имавме замисла годинава да гостува мојот пријател Влатко Миладиновски да биде присутен, но веќе имаше закажано свадба, иако изрази желба сепак да дојде,  јас му кажав да дојде на 12-тата Црвенџиска средба.  Средбата и оваа година ќе се одржи на 9 август, денот се паѓа во петок, што значи дека во петок се јаде риба, постиме, нормално ручекот ќе биде риба. Почетокот на средбата е меѓу 12 и 13 часот, свечениот ручек во 15 часот, мило ќе ни биде да дојдете, да се дружиме, да пееме, да свириме и играме, вели Васев.
Имајки предвид дека долги години живее и работи во градот Бретен и им посредува на Македонците во регионот на Карлсруе и Штутгарт, Васев го запрашавме за она што повеќето кои го контактираат ги интересира најмногу, а тоа е каков профил на работници моментално се бара најмногу во Германија.
-Можам да кажам дека во сите одделенија на работни места, специјално се бара работа во градежништвото, тука ќе набројам електричари, плочкари, ѕидари, молери, гипсери, водоинсталтери, парначи и се што е поврзано со „граѓевина“. Исто така поради тоа што нагло се гради во Германија, има голем дефицит од сместување. Поради тоа што преку наша фирма професионално посредуваме за работа повеќе години, можеме да кажеме дека дневно на социјалните мрежи за работа во Германија прашуваат од 300 до 500 луѓе. Луѓето се интересираат да дојдат и да се интегрираат во Германија. Во последно време имаме барања исто од наши иселеници од Малта, од Италија и од други земји кои сакаат да ја променат државата и се информираат за овдешните можности, вели Васев.
Најголем дел, како што дополнува, се интересираат за работа со македонски пасош.
-Со македонски пасош засега може да се работи со работна виза, тоа е така уште од 1 јануари 2016, тој законот важи до 31 декември 2020, во делот на општи работници. Тоа што пишува по социјалните мрежи дека може без амбасадата, се уште не е точно, мораме прво термин во германската амбасада за апликација за германска виза. Од 1 јануари 2020 за квалификувани лица ќе може да се дојде во Германија, имаме шест месеца на располагање да си најдеме работа, сместување и таму документите се да ги средиме.
Васев долги години живее во Бретен, место каде својата егзистенција ја нашле над 3000 Македонци.
-Јас лично живеам 35 години во Бретен, во околината на Карлсруе, моите родители наполнија пред некој ден 50 години како се во Бретен. Лично мојата канцеларија е во Бруксал и тука сме најмногу активни. Таа околина е една од најбогатите во Германија, значи зборувам за Република Баден – Виртенберг со главниот град Штутгарт. Тука се наоѓа „Порше“, тука е „Мерцедес“, тука се најглавните фирми со целата индустрија во Германија и тука имаме големи успеси каде што интегрираме многу народ. Конкретно во околината на Бретен – Бруксал има 3000 Македонци, додава иселеникот од Бигла.
Секој оној кој доаѓа во Германија додава Васев се наоѓа во комплетно нова средина, па затоа при контактите со луѓето Васев најчесто ги советува за начинот како сето тоа да се пребродат. За него при соработката е важно колку лицето кое сака да се интегрира во Германија е подготвено да успее.
-Јас лично на прво место го ставам успехот. Кој не познава и кој лично со нас соработува, стопроцентно може да потврди дека на прво место важна е желбата за успех, делото е битно и успехот. Нормално е тоа дека никој денес за џабе не работи, тоа се подразбира, но на прво место е желбата за успех кај секого, па нормално и кај нас. Тоа се препознава во секојдневните разговори со многу луѓе кои не контактираат преку телефон, но и лично. Тука забележувам дека многу од нив се двоумат, при што јас на луѓето директно им објаснувам се околу доаѓањето во Германија. Многу е важно да се знае дека кога некој ќе ја промени државата или средината, макар да го смени и Делчево со Кочани, сепак е нов почеток, нова средина и нови пријатели, а не да промени држава, на пример Македонија со Германија, Швајцарија или која било држава. Уште на стартот, мора на секој да му биде јасно, дека ќе почне дефинитивно во нова средина, што се вели од нула. Се стекнуваат нови пријатели, нов менталитет, нов систем на работа и на крајот се јавува носталгијата, таа секако дека постои, бидејки отсекогаш ќе ни фали тој камен од кој сме се сопнувале, но тоа е животот и јас тоа на луѓето им го објаснувам во детали, во смисла дали се подготвени на тој чекор, бидејки успехот и неуспехот дали ќе успеат во новата држава, 95 проценти зависи од себеси, а можеби пет проценти од нас, додава Васев.
Објаснува, дека откако веќе лицата решаваат да го продолжат животот во Германија, потребна е првична помош во делот на адаптација, па често тука неговата помош при посредувањето во голема мера им помогнала на многу луѓе полесно да се адаптираат.
-Првичната помош е мошне важна во смисла да ви средиме се што е потребно за да влезете во „бразда“што се вели, но за се друго си одлучува секој поединец. За никој не можеме да работиме, ни да се интегрираме, ни да бидеме точни, ни да прифатиме менталитет, туку секој мора да биде трудољубив, мора да ги почитува овдешните принципи и систем. Бидејки е дојден во Германија, не може да живее по македонски систем и принципи и тоа исто така не може да го направи за еден ден од денес до утре, туку треба да си даде време и ќе нема проблем. Значи преку нас, има многу млади парови и млади лица, можам да набројам 70-80, не само од нашиот регион туку од Струмица, Охрид, Битола, тетовскиот крај, кои се интегрираат, кои напредуваат и се гордеам што сум бил дел од нивниот пат до успехот, да успеат во прекрасната Германија. Сум кажал многу пати и пак ќе кажам, дека за мене Германија е срцето на светот, не само во Европа, тоа е држава која феноменално функционира, ако секој се интегрира и ако секој се потруди, може да има само успех во Германија, додава Васев.
Клучна улога според Васев игра и познавањето на германскиот јазик.
-Германија е една многу горда држава, каде што луѓето сакаат во својата држава да се зборува германски, но воедно и нема Германец кој не зборува англиски. Од мало дете до возрасен човек, за итни случаи предност е секој пат ако знаеме англиски, но за да успееш во Германија, подобро е и дефинитно потребно, да го учиш и да се трудиш што побргу да го владееш јазикот. Тогаш феноменално ќе напредуваш во Германија, тогаш ќе бидеш повеќе ценет, ќе бидеш подобро примен. Германците повеќе те почитуваат ако некој за кратко време го научил јазикот, нагласи Васев.
Делчевскиот иселеник по потекло од село Бигла на крај од разговорот уште еднаш ги покани роднините, пријателите и гостите намерници и овој 9-ти август на денот посветен на исцелителот Пантелејмон, да дојдат во Црвенџиско маало, да бидат дел од 11-тата Црвенџиска средба и да се потсетат на веселбите од минатите времиња. На останатите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за условите за работа во Германија, им порача да го побараат на некоја од социјалните мрежи, каде делчевецот редовно одговара на сите кои ги бараат неговите услуги.
Валери Спасевски

Back to top button
Close