0_Магазин.ПорталСцена

Стриминг-платформите го возвраќаат ударот против Нетфликс

Во Европа, користењето стриминг е послабо, но е во нагорна линија. Според германскиот јавен сервис АРД/ЗДФ, 60 отсто од германските граѓани, на пр., барем еднаш неделно користат стриминг.

Лос Анџелес, 22 август 2019 (МИА) – Нетфликс изврши револуција на „пазарот на забавата“. Со своите 150 милиони претплатници, оваа стриминг-платформа им ја одзеде публиката на традиционалните ТВ и медиумски гиганти. Сега тие го возвраќаат ударот, и тоа со истото оружје.

Најголем конкурент на Нетфликс повеќенаменската платформа Амазон со 100 милиони клиенти, а тука некаде е и Гугл со својот Јутјуб, којшто може да се пофали со над 1,3 милијарди корисници, но сепак, тие не плаќаат месечна претплата, како што е тоа случај со Нетфликс и Амазон.

И, додека употребата на стримингот е во постојан раст, класичната телевизија полека се повлекува и истиснува. Американците, на пр., и класичните ТВ-формати сѐ повеќе ги следат преку стриминг-сервисите. Американскиот медиумско-аналитички  центар Рипортлинкер вредноста на стриминг-пазарот ја проценува на 125 милијарди долари. Само во САД претплатниците на стриминг-сервисите месечно трошат две милијарди долари.

Во Европа, користењето стриминг е послабо, но е во нагорна линија. Според германскиот јавен сервис АРД/ЗДФ, 60 отсто од германските граѓани, на пр., барем еднаш неделно користат стриминг.

Следствено, Дизни некои од следните свои проекти ќе ги почне во тој стрминг-формат, а тој чекор, според најавите ќе го следат и други продукциски куќи. си/сд/

Таг
Back to top button
Close