Дописници МКДОпштински вести

Спасителите на вода на струшкото крајбрежје без посериозни интервенции

Ситни интервенции со исекотини и гребнатини имаат често спасителите на вода на Струшкото крајбрежје, но немале активни давеници ова лето.

Струга, 6 август 2019 (МИА) – Ситни интервенции со исекотини и гребнатини имаат често спасителите на вода на Струшкото крајбрежје, но немале активни давеници ова лето.

Седум плажи во Струга и аква паркот, како што информира секретарот на општинската организација на Црвениот крст – Струга Адуриме Даути, имале ангажирани спасители на вода, кои се грижат за безбедноста на капачите, додека дел од концесионерите немале склучено договори.

– Концесионерите на седум плажи и аква паркот склучија договор со волонтери од Црвениот крст и 20-тина спасители на вода се грижат за безбедноста на капачите. Освен чести исекотини или гребаници, досега немале посериозни интервенции за спасување давеници, изјави Даути за МИА.

Упати апел до капачите да внимаваат во езерските води, да не одат надвор од обележаните зони, а оние кои користат педалинки задолжително да носат елеци за безбедност

– Родителите да внимаваат на децата, будно да ги следат додека се капат. Да има поголема грижа, да соработуваат со спасителот и да пријавуваат кај спасителите доколку има потреба. Сопствениците на пловни објекти да внимаваат на кој ги изнајмуваат, дали се пливачи лицата и задолжително да поседуваат безбедносни елеци, наглаи Даути.

За поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро, порача туристите кои не знаат да пливаат да не излегуваат од обележаната зона, а педалинките и другите пловни објекти да не се користат во близина на капалиштата. сс/цр/

Back to top button
Close