Временска прогноза

Сончево и топло, кон крајот на денот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 14 август 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а дневната температура од 28 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната температура до 38 степени.

во четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Во четврток и петок температурите ќе се намалат за 5 до 8 степени.

Back to top button
Close