0_Спорт.ПорталФудбал

„Скај Италија“: Барса и ПСЖ се договорија за Нејмар

Претседателите на Барселона и Пари Сен Жермен - Пеп Бартомеу и Насер Ал-Калаифи - се сретнаа денес во Монако пред ждрепката во Лигата на шампионите. Очекувањето на шпанските медиуми беше токму овој разговор да го „отклучи“ трансферот на Нејмар.

Барселона, 29 август 2019 (МИА) – Шефовите на Пари Сен Жермен и Барселона се договорија за трансферот на Нејмар, тврди „Скај Италија“. Договорот ги вклучува Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо, како и мултимилионски износ, што не е споменат. Преговорите продолжуваат,со цел да се разјаснат деталите на договорот. Еден од големите новинарски авторитети, Џанлука ди Марцио исто така го потврди договорот.

Претседателите на Барселона и Пари Сен Жермен – Пеп Бартомеу и Насер Ал-Калаифи – се сретнаа денес во Монако пред ждрепката во Лигата на шампионите. Очекувањето на шпанските медиуми беше токму овој разговор да го „отклучи“ трансферот на Нејмар.

Газдите на двата клуба разговарале на телефон кон крајот на минатата недела, а денешната средба во близина на Азурниот брег била за да се видат „лице в лице“ и да зборуваат за „жешката“ тема.

„Мундо Депортиво контактирал со нивните извори на „Камп Ноу“ веднаш по објавувањето на вестите и тие негирале дека има договор. Популарниот новинар Гилем Балаге изјави дека договорот е близу, но сè уште не е постигнат.

Во меѓувреме, Нејмар продолжува да тренира со ПСЖ, чекајќи го исходот.вз

Таг
Back to top button
Close