Дописници МКДОпштински вести

Се санира оштетената урбана опрема во Делчево

Продолжува уредувањето на јавните површини во Делчево. Активностите ги реализираат екипи на Јавното претпријатие ,,Брегалница“ кои како што информираа од Општина Делчево, денес ја санираат и оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“.

Делчево, 7 август 2019 (МИА) – Продолжува уредувањето на јавните површини во Делчево. Активностите ги реализираат екипи на Јавното претпријатие ,,Брегалница“ кои како што информираа од општина Делчево, денес ја санираат и оштетената урбана опрема во градскиот парк во пресрет на централните настани од „Делчевско лето“.
 -Се санираат оштетените клупи и кантите за ѓубре, а се уредува и просторот околу летната сцена, каде се планирани локации за услужна дејност и трговија. Во рамките на акцијата се санираа и оштетените мрежи на тениското игралиште кои беа искинати, а дел и тргнати од тениското игралиште од несовесни граѓани, информираа од општината.
Бидејќи, урбаната опрема во Делчево е постојано цел на несовесни граѓани, од општината апелира до граѓаните за поголема свест и почит кон општинската опрема со цел да се избегнат дополнителни трошоци.
 -Во пресрет на настаните кога се очекуваат илјадници гости од регионот и од соседна Бугарија, потребно е да оставиме впечаток на добри домаќини. Исто така потсетуваме дека со совесно однесување се избегнуваат и казните предвидени согласно со законските одредби, додаваат од општината.
Денеска екипи на ЈПКД „Брегалница“ извршија и чистење речното корито на река Брегалница од диво израснати дрвја и други растенија во делот кај гумената брана со што се превенира неконтролирано излевање на реката од речното корито. вс/ир

Таг
Back to top button
Close