ЕвропаЕвропа.Портал

Санчез ќе ги обнови преговорите за формирање влада

Вршителот на должност премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека сака да ги обнови преговорите со лидерите на политичките партии, за уште еднаш да се обиде да обезбеди неопходно мнозинство во Парламентот за формирање на влада

Мадрид, 9 август 2019 (МИА) – Вршителот на должност премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека сака да ги обнови преговорите со лидерите на политичките партии, за уште еднаш да се обиде да обезбеди неопходно мнозинство во Парламентот за формирање на влада.

Тој наведе дека планира да се сретне со партиските лидери кон крајот на август или почетокот на септември и да ги наговори да поддржат формирање на нова „прогресивна влада“.

Санчез посочи дека ќе разговара и со лидерот на Подемос, Пабло Иглесијас, чии пратеници спречија Парламентот да изгласа доверба на владата.

Санчез на Иглесијас му нудеше коалиција, а лидерот на Подемос беше подготвен да прифати под услов да добие министерска функција, но за социјалистите тоа беше неприфатливо.

Крајниот рок за Парламентот да изгласа доверба на владата, која сега е во технички мандат, е 23 септември.

Доколку Санчез до тогаш не успее да обезбеди мнозинска поддршка од пратениците ќе се распишат нови избори.

На изборите одржани во април социјалистите освоија најголем број гласови, но недоволно за формирање влада. ми/

Таг
Back to top button
Close