СветСвет.Портал

Петмина загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Најмалку пет лица загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во сириската провинција Ал Хашека, контролирана од курдските сили.

Бејрут, 7 авхуст 2019 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во сириската провинција Ал Хашека, контролирана од курдските сили.

Според невладината, сириска Опсерваторија за човекови права, бомбата експлодирала кога воено возило минувало во градот Кахтанјех. Меѓу загинатите се и три деца.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close