0_Спорт.ПорталФудбал

Освојувачот на Германскиот куп ќе собере 10 милиони евра

Во последното издание на турнирот, Баерн Минхен освои 4,5 милиони евра за пласман во финалето, а вице-шампионот РБ Лајпциг собра 3,5 милиони евра

Берлин, 9 август 2019 (МИА) – Освојувачот на Купот на Германија ќе собере повеќе од 10 милиони евра, објави ДФБ. Секој од полуфиналистите ќе освои по 5,5 милиони евра.

Целта на германскиот фудбалски сојуз е да го зголеми интересот за турнирот и желбата на клубовите да ги пуштаат стартерите во него.

Во последното издание на турнирот, Баерн Минхен освои 4,5 милиони евра за пласман во финалето, а вице-шампионот РБ Лајпциг собра 3,5 милиони евра.

Наградниот фонд се зголеми во целина. Така, 32-те клуба кои ќе бидат елиминирани во првото коло годинава ќе добијат 175 илјади евра.вз

Таг
Back to top button
Close