0_Спорт.ПорталФудбал

Осум години подоцна, Енди Керол се врати во Њукасл

Керол постигна 33 гола за време на својот прв претстој во клубот. Токму по неговите добри настапи во дресот на „црно-белите“, напаѓачот беше забележан од Ливерпул, а подоцна привлечен за рекордни во тоа време 35 милиони фунти.

Њукасл, 8 август 2019 (МИА) – Енди Керол се врати во Њукасл по осум и пол години. Тој беше слободен агент откако неговиот договор со Вест Хем не беше обновен. Неговиот договор со „страчките“ е до крајот на сезоната 2019/20, а 30-годишниот Керол е петто ново засилување во тимот на Стив Брус ова лето.

– Многу е убаво. Моето семејство и пријателите се тука, и ова е клубот што го поддржувам од дете. Се вратив дома. Ова е единственото место, на кое сакам да бидам, рече Керол.

Керол постигна 33 гола за време на својот прв претстој во клубот. Токму по неговите добри настапи во дресот на „црно-белите“, напаѓачот беше забележан од Ливерпул, а подоцна привлечен за рекордни во тоа време 35 милиони фунти.

– Енди е многу возбуден што е дома и тој ќе биде уште една одлична опција за нашиот напад. Тој ќе ни донесе нешто различно од она, што го имавме досега и ќе му помогнеме повторно да лета, рече тренерот Стив Брус.вз

Таг
Back to top button
Close