СветСвет.Портал

ОН загрижени поради недостиг на информации од Кашмир

Канцеларијата на Обединети нации за човекови права изрази загриженост поради блокадата на информации од Џаму и Кашмир, откако Индија во понеделникот ја укина уставната автономија

Њујорк, 8 август 2019 (МИА) – Канцеларијата на Обединети нации за човекови права изрази загриженост поради блокадата на информации од Џаму и Кашмир, откако Индија во понеделникот ја укина уставната автономија.

– Многу сме загрижени поради неодамнешните рестрикции наметнати на Кашмир и оценуваме дека ова би можело да доведе до кршење на човековите права во регионот. Фактот дека ретко која информација допира до светски медиуми е предмет на голема загриженост, сам по себе, изјави портпаролот на високиот комесар за човекови права на ОН, Руперт Колвил.

Во Кашмир се укинати интернетот, социјалните мрежи, мобилните и фиксните телефонски услуги.

Колвил наведе дека индиските и пакистанските власти преговараат за што побрзо да се реши ситуацијата. ми/

Таг
Back to top button
Close