Верски календар

Од верските календари

14 август 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 август. Денеска е Св. седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар.

14 август 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 август.

Денеска е Св. седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар.

Сите овие пострадаа околу 180 година за чистотата на израелската вера во едниот Бог, на која беше удрил царот Антиох Епифан. Тој беше наредил по закана со смрт на сите граѓани на Ерусалим да јадат свинско месо, како очигледен знак дека се откажале од верата на своите татковци. Свети Елеазар се противстави на оваа насилника заповед на царот, па поради тоа беше погубен. Исто така и седумте браќа, наречени Макавеи, заедно со мајка им, беа поведени во Антиохија. А таму Антиох ги мачеше и убиваше еден по еден пред очите на мајка им Соломонија. Кога последниот беше фрлен во оган и самата Соломонија го направи истото.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Максимилијан Колбе.

Бил роден во Полска во 1894 година. На 13-годишна возраст стапил во фрањевачкиот ред. По успешното школување станал свештеник. Бил побожен кон Светата Богородица. Основал градови во Полска и Јапонија кои ги нарекол Безгрешна Девица каде бил мисионер. Во градовите основал печатници за печатење книги со едукативна верска содржина. Кога се вратил во Полска за време на Втората светска војна, Германците го одвеле во концентрациониот логор Аушвиц. Кога била издадена наредба за погубување на десет логораши, Максимилијан се пријавил да биде погубен наместо еден од логорашите. Поради истрајноста во верата во логорот, бил прогласен за светец. Верниците му се молат за истрајност во верата.

###

Back to top button
Close