Дописници МКДОпштински вести

Обележување на хоризонтална сигнализација во Крива Паланка

Во Крива Паланка во тек е обележување на хоризонтална сигнализацијa согласно основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“.

Крива Паланка, 7 август 2019 ( МИА) – Во Крива Паланка во тек е обележување на хоризонтална сигнализацијa согласно основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“.

-Акактивностите отпочнаа во текот на вчерашниот ден, а планирано е да се извршуваат до почетокот на следната недела, 12 август. Обележување на хоризонтална сигнализација ќе се реализира долж улицата „Св. Јоаким Осоговски“ на потегот од станица за технички преглед, клучката со магистралниот пат А2, на влезот во градот до мотел „Македонија” – излез од градот. За потребите на овие активности општина Крива Паланка објави тендер на кој беше избрана најповолен понудувач кој ја реализира програмата, информираат од општината.

Оттаму посочуваат дека со обележување на хоризонталната сигнализација ќе се зголеми прегледноста на улиците и ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, што е приоритет во работата на локалната самоуправа.

За реализација на проектот за хоризонтална сигнализација издвоени се средства во висина од 300.000 денари од буџетот на општината.иб/ир

Таг
Back to top button
Close