0_Спорт.ПорталФудбал

Муслиу од Шкендија заминува во МОЛ Фехервар

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу ќе ја напушти Шкендија и ќе се пресели во унгарски Мол Фехервар.

Тетово, 5 август 2019 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу ќе ја напушти Шкендија и ќе се пресели во унгарски Мол Фехервар.

Трансферот го потврди и актуелниот македонски шампион преку клупскиот сајт.

-Шкендија и МОЛ Фехервар постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Висар Муслиу во унгарскиот шампион. 24-годишниот играч ќе потпише договор со МОЛ Фехервар, а Унгарците на сметката на Шкенидја ќе платат отштета за трансферот една година пред истекот на неговиот договор со „црвените“ (30.06.2020), објави ФК Шкендија.

Висар Муслиу си заминува од Тетово по година и пол со освоени две првенства и еден куп. Тој одигра 62 официјални натпревари за Шкендија (43 првенствени, седум во Купот и 12 во Европа), постигнувајќи девет голови (шест во првенството и три во купот). зс/

Таг
Back to top button
Close