МИА Радио флеш

МИА Радио флеш

22 август 2019/14:30

22 август 2019/14:30

Скопје – Целосна поддршка на правосудните органи за брза, ефикасна и транспарентна постапка за расветлување на случајот „Рекет“, побара на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, нагласувајќи оти со тоа ќе се обезбеди враќање на довербата во институциите и владеењето на правото. Напоменувајќи дека случајот е во тек изрази задоволство од досегашната, како што рече, одлучност и храброст на правосудните органи и ги охрабри да продолжат со истрагата и бескомпромисно и неселктивно да го истераат случајот до крај.

Скопје  – Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски стана дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. – Со потпишување на договорот со д-р Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца. По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти, соопштија од болницата.

  – Најфрекфентната делница во државата-патниот правец Струмица-граничен премин Ново Село на македонско-бугарската граница, се рехабилитира по повеќе од половина век, вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Во 2017 година повеќе од 750 илјади премини се регистрирани преку граничниот премин Ново Село, а во 2018 година се забележани повеќе од 850 илјади.  – Ова се значителни бројки кои зборуваваат за растот на размена меѓу двете држави, но и од други држави кои го користат овој патен правец, изјави Јаневски.

Првиот уписен рок за студенти во прва година за академска 2019-2020 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип почнува од 26-ти август и ќе трае до 2-ри септември. Околу 4.000 слободни места има на 12 факултети и трите академии, информираше на денешната прес-конференција ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.

– Словенија почна со поставување дополнителна ограда на границата со Хрватска, во делот каде годинава е забележан зголемен број илегални преминувања. Според телевизијата ПОП ТВ, вчера почнало поставувањето на четири километри долгата, нова, панелна ограда, на потегот меѓу селата Жуничи и Зиље, а таа би требало да биде готова за неколку недели.

 – Европската унија е против тоа на Русија да и се упати безусловен повик за повторно да им се приклучи на разговорите на лидерите од Г7, изјави денеска висок европски претставник.На овој начин тој одговори на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека би било во ред Русија да се врати во членството на Г7, на групата најнапредни индустријализирани земји од светот, пренесоа британските медиуми.

– Сириската војска отвори хуманитарен коридор во северозападниот дел од земјата за луѓето кои сакаат да ја напуштат таа територија која е под контрола на бунтовниците во провинцијата Идлиб. Дамаск најавува отворање на хуманитарен коридор во градот Сорану, тврди извор од сириското Министерство за надворешни работи.


 

Back to top button
Close