МИА Општински пул

МИА Општински пул

Кичево– Од раните утрински часови се до 11:00 часот денеска голем дел од Општина Кичево беше без напојување со електрична енергија. Без струја останати се селата од северо-западниот дел од општината: Зајас, Колари, Тајмиште, Мидинци, Горно и Долно Строгомиште, Трапчин Дол, Длапкин Дол, Грешница, Лешница, Бачишта, Кнежино, Осој, Раштани, Црвивци, Осломеј, Жубрино, Србица, Аранжел, Туин, Јагол, Стрелци, Гарани, Шутово, Премка, Папрадиште, Мамудовци, и Лазоровци.

20 август 2019/14:30 

Куманово– Кумановската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишен кумановец кој за помалку од три месеци извршил пет тешки кражби на различни локации во градот, информираа денеска од СВР Куманово. СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 23 мај до 9 август годинава извршил тешки кражби на различни локации во Куманово, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Куманово – Кумановци од денеска до 6 септември годинава ќе имаат можност актвно да се вклучат во креирањето на планот за одржлива урбана мобилност, да ги искажат своите инцијативи и мислења со учество во анкетата која е достапна на веб страната на општината и со тоа да придонесат да се обезбеди дефинирање на вистинските проблеми при мобилноста во Куманово и да изнајдат квалитетни решенија со кои ќе се подобри квалитетот на животот.

Кичево– Од раните утрински часови се до 11:00 часот денеска голем дел од Општина Кичево беше без напојување со електрична енергија. Без струја останати се селата од северо-западниот дел од општината: Зајас, Колари, Тајмиште, Мидинци, Горно и Долно Строгомиште, Трапчин Дол, Длапкин Дол, Грешница, Лешница, Бачишта, Кнежино, Осој, Раштани, Црвивци, Осломеј, Жубрино, Србица, Аранжел, Туин, Јагол, Стрелци, Гарани, Шутово, Премка, Папрадиште, Мамудовци, и Лазоровци.

Радовиш – Јавното комунално претпријатие „Плаваја“ од Радовиш почна со организирано собирање и депонирање на комуналниот отпад од радовишкото село Ињево. Проектот стартуваше со поставување 10 контејнери на повеќе локации и спроведување на еколошка акција за расчистување на неколку диви депонии од атарот на селото.

Скопје – Вкупно 165 милиони денари од денеска им се ставени на располагање на 12 општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои се очекува да се подобри животот на граѓаните. Парите се обезбедени преку Проектот за подобрување на општински услуги што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. Од вкупните средства, 136,8 милиони денари се заеми по поволни каматни стапки под еден процент, а 28 милиони денари се грант средства.

Виница – Повеќе културни и спортско-рекреативни содржини ќе бидат дел од годинашнава програма „75 години слободна Виница“, а чиј носител е виничката локална самоуправа во соработка со граѓански здруженија. Од Општината информираа за настаните што ќе се одржат по повод 30 август – Денот на ослободувањето на градот, а петдневната програма во која е планирано активно и масовно вклучување на граѓаните, ќе се реализира во текот на идната недела.

Крива Паланка– Општина Крива Паланка објави јавен повик за доделување стипендии за талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија во учебната/студиска 2019/2020година. За претстојната учебна година Општина Крива Паланка ќе додели четири стипендии за талентирани ученици-средношколци и четири стипендии за талентирани студенти.

Струмица – ЈПКД „Комуналец“ од Струмица денеска почна со генерално чистење и дезинфекцирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и околните улици по завршувањето на трите музички вечери од „Струмица опен фестивал“. Со специјално средство се врши комплетно чистење на гранитните површини и дезинфекција на целата површина, а од последните три вечери од плоштадот се подигнати вкупно 130 метри кубни отпад.

Скопје – Скопскиот градоначалник Петре Шилегoв денеска соопшти дека Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите општини и нема увид во отстранување на Сонцето од Вергина. Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите единици на локална самоуправа. Не можеме да изразиме задоволство или незадоволство затоа што немаме увид во таа состојба. Она што ние го имаме како наша ингеренција, постапуваме и ќе постапиме согласно Меѓународниот договор што Република Северна Македонија го постигна со Република Грција, изјави Шилегов.

Охрид – „Охридско лето“ запиша уште едно успешно издание во богатата фестивалска историја. На фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма. Тоа денеска на завршната прес-конференција од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ го истакна директорката на Националната установа, Наташа Поповиќ.

Скопје – Вкупниот број на превезени патници со автобуси во второто тримесечје од годинава е намален за 3,7 проценти во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, намалување од 13,7 проценти има кај бројот на патници во меѓународниот превоз, за 20,9 проценти кај меѓуградскиот превоз и за 4,9 проценти кај приградскиот превоз. Зголемување од 0,5 проценти има кај бројот на превезени патници во градскиот превоз.

Скопје – Град Скопје е прва единица на локална самоуправа во нашата држава која почнува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот, зачувување на плодноста на почвата и намалување на ризиците од пожари во овој период, најави денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Штип– Реконструирана е водоводната мрежа на улицата „Сутјеска“. По завршените градежни работи од страна на штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска на терен беше и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Тој нагласи дека со инвестицијата од околу 70.000 евра е решендолгогодишниот проблем на граѓаните.

Велес – На 12 дена пред стартот на новата учебна година во Велес и велешко во некои од училиштата се средуваат училниците и другите простории и се извршуваат поправки на инвентарот. Готови се и проектите за градежни зафати на нова училишна зграда во село Клуковец и изградба на топловоден систем во училиштето во село Бузалково. Во ова подрачно училиште деновиве беа извршени лимарско – браварски работи, замена на искршени стакла и дотраени внатрешни врати, а беа санирани и подните подлоги.

Кичево – Општина Кичево објави конкурс за доделување на 35 стипендии за студенти, од кои, 20 за студенти со голем успех постигнат на студиите и 15 стипендии за студенти од семејства со лоша финансиска состојба. Право за аплицирање имаат студенти кои студираат на некој од државните Универзитети во Република Северна Македонија или во еден од приватните универзитети во или надвор од земјата.

Тетово – Уште еден објект на Јавната установа детска градинка „Младост“ – Тетово оваа лето комплетно се реновира. Паралалено со активностите во објектот „Стара градинк“, почна и внатрешната обнова на објектот „Поток“. Рамие Даути, директорка на градинката истакна дека од септември децата од градот и околината ќе престојуваат во многу подобри услови од досегашните во градинките.

Back to top button
Close