МИА Флеш

МИА Флеш

Скопје – Не чувствувам вина, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. На новинарско прашање дали очекува да биде проширена истрагата и на неа, Јанева кажа дека тоа треба да го каже обвинителката што го води случајот. Таа рече и дека не знае дали има инволиварано некој политичар.

20 август 2019/16:00

Скопје – Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод најновите статистички податоци за порастот на просечната плата во јуни. Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот, пишува Заев во пораката на Фејсбук.

Скопје – Не чувствувам вина, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. На новинарско прашање дали очекува да биде проширена истрагата и на неа, Јанева кажа дека тоа треба да го каже обвинителката што го води случајот. Таа рече и дека не знае дали има инволиварано некој политичар.

Скопје – Статусот на реформите, преговорите за идниот статус на СЈО кои се во тек, како и случајот „Рекет“, беа теми на денешните одделни средби на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во Копенхаген, со министерот за надворешни работи, Јепе Кофод, како и со Вибеке Пастернак Јоргенсен, главна советничка за европски прашања на премиерката Мете Фредериксен остварени во рамки на нивната работна посета на Данска. Како што соопшти МНР, на средбите, Османи и Димитров реферираа за политичките актуелности во земјата, за постигнатиот напредок во клучните реформски области, во создавањето на добрососедските односи, но и во зацврстувањето на внатрешната стабилност, како основа за подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври, оваа година.

Скопје – Развојот на инфраструктурната мрежа меѓу Северна Македонија и Бугарија е клучен за интензивирање на соработката во сите области. Државава со бугарски искуства ќе го јакне институционалниот капацитет за користење на европските фондови, пред се, за рамномерниот регионален развој и воопшто за примена на европските политики и проекти. Со меморандумот за соработка на нашето Министерство за локална самоуправа со бугарското Министерство за регионален развој и урбанизам што беше потпишан денеска во Скопје почнува процес на подинамична примена на Договорот за добрососедство од август 2017 година, најавија ресорните министри Горан Милевски и Петја Аврамова.

Скопје – Скопскиот градоначалник Петре Шилегoв денеска соопшти дека Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите општини и нема увид во отстранување на Сонцето од Вергина. Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите единици на локална самоуправа. Не можеме да изразиме задоволство или незадоволство затоа што немаме увид во таа состојба. Она што ние го имаме како наша ингеренција, постапуваме и ќе постапиме согласно Меѓународниот договор што Република Северна Македонија го постигна со Република Грција, изјави Шилегов.

Скопје – Заживување на економската дипломатија, технолошки парк, работни средби со амбасадори во нашата земја, промоција на ИКТ секторот во странство, образовни промени за потребите на ИКТ секторот, заложба за стратешка помош, регулаторна предвидливост за сериозни долгорочни инвестиции, измени и унапредување на даночната политика за ИКТ индустријата, како една од водечките гранки во државата, што треба да биде во фокусот на националната, економската и општествената политика. Ова се дел од барањата на Стопанската комора на информатички и комјутерски технологии МАСИТ на денешната работна средба со претседателот на државата Стево Пендаровски на која дискутираа за состојбите и потенцијалите на ИКТ индустријата.

Струмица– ЈПКД „Комуналец“ од Струмица денеска почна со генерално чистење и дезинфекцирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и околните улици по завршувањето на трите музички вечери од „Струмица опен фестивал“. Со специјално средство се врши комплетно чистење на гранитните површини и дезинфекција на целата површина, а од последните три вечери од плоштадот се подигнати вкупно 130 метри кубни отпад.

Охрид – Со вечерашната изведба на драмата „Одисеј“ на Горан Стефановски на Античкиот театар се спушта завесата на годинашното 59-то издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Изминатите 40 фестивалски дена понудија 47 содржини со кои се славеше уметноста. Сцените на Античкиот театар, црквата „Света Софија“, предворјето на црквата „Света Софија“, Долни Сарај, Центар за култура беа речиси исполнети, за некои од настаните се бараше билет повеќе. За интересот на публиката за фестивалската понуда говори и податокот дека и вечерашната претстава за свеченото затворање на фестивалот веќе е распродадена.

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина се сретнал со косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља по мерката на Косово за забрана на увоз на компири и мед од земјава. Бектеши и Шаља, како што објави електронското издание на косовскиот весник „Коха диторе“, се согласиле до петок Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово да испрати извештај до македонската Агенција за храна и ветеринарство на соодветната програма за следење на производите, во овој случај на икрите од риби од Косово.

Охрид – „Охридско лето“ запиша уште едно успешно издание во богатата фестивалска историја. На фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма. Тоа денеска на завршната прес-конференција од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ го истакна директорката на Националната установа, Наташа Поповиќ.

Скопје – Вкупниот број на превезени патници со автобуси во второто тримесечје од годинава е намален за 3,7 проценти во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, намалување од 13,7 проценти има кај бројот на патници во меѓународниот превоз, за 20,9 проценти кај меѓуградскиот превоз и за 4,9 проценти кај приградскиот превоз. Зголемување од 0,5 проценти има кај бројот на превезени патници во градскиот превоз.

Атина– Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во неговата викендичка на грчкиот остров Алонисос, пишува книга посветена на Договорот од Преспа. Според грчките медиуми, како што jави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас од почетокот на летото е на Алонисос, а ќе остане таму до септември, каде што изолиран од сите, работи на неговата нова книга, која би требало да биде готова до крајот на годинава.

Скопје– Град Скопје е прва единица на локална самоуправа во нашата држава која почнува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот, зачувување на плодноста на почвата и намалување на ризиците од пожари во овој период, најави денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Досега земјоделците во Скопско ги палеа стрништата, плевелите и другите растителни отпадоци поради тоа што немаа можност за поинаков начин на нивно третирање, а Шилегов најави дека сега ќе можат да се обратат до Град Скопје и тој ќе го отстрани тој органски отпад од нивите.

Скопје – ЈСП „Скопје“ денеска информира дека ја прошири секундарната продажна мрежа со над 20 локации (маркети, трафики и слично), што се наоѓаат на фреквентни места низ скопските општини. Таму корисниците на јавниот превоз можат да купат или да ја надополнат електронската картичка „Скопска“.

Скопје – Отстрел на дивите свињи, уништување на питомите свињи кои не се под биосигурносен надзор и засилени царински контроли на граничните премини за да се спречи неконтролирано внесување свинско месо, се дел од мерките што ќе бидат презмени за превенција и спречување на ширењето на болеста свинска чума во земјава.

Сараево – Редовната седница на Претседателството на БиХ што беше закажана за денеска заврши пред и да почне, а на нејзиниот дневен ред требаше да се најде усвојувањето на Годишниот национален план (АНП), документ што го бара НАТО за да може да биде активиран Акцискиот план за членство (МАП) на БиХ во оваа организација. Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, на новинарите во Сараево им потврди дека на консултациите пред седницата од дневниот ред бил симнат Националниот план, бидејќи немало согласност за овој документ.

Атина – Министерството за надворешни работи на Грција внимателно го следи прашањето со иранскиот танкер и е во комуникација, по дипломатски пат, со Вашингтон, велат дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, jави дописничката на МИА од Атина. Според истите извори, грчката страна досега не добила барање танкерот да се вкотви на пристаништето во Каламата или на било кое друго пристаниште во земјата, нешто што утрово го потврди и министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис.

Тирана– Американската амбасада во Тирана денеска објави уште едно анимирано едукативно видео, објаснувајќи им на граѓаните зошто треба да постои новата институција Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) и како таа функционира. Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на американската Амбасада.

Луксембург – Авион „Ербас А319“ на авиокомпанијата „Ер Франс“ утрово принудно слетал во Луксембург поради „вонредни причини“. Авионот полетал од московскиот аеродром Шереметјево кон парискиот „Шарл де Гол“, каде требало да слета по околу четири часа лет. Но, екипажот испратил сигнал за вонредна ситуација над реонот на Луксембург и се спуштил на луксембуршкиот аеродром.

Брисел – Премиерот на Финска, Анти Рине изјави дека Европска Унија нема повторно да преговара со Велика Британија за договор за Брегзит. Премиерот Рине повтори дека договорот за повлекување нема повторно да се отвора, изјави портпаролот на Рине.

Дакар– Армијата на Буркина Фасо соопшти дека екстремистите убиле најмалку десет војници во северниот дел на земјата. При нападот во провинцијата Соум, што се наоѓа во близина на границата со Мали, повредени се уште неколку војници.

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотомонтажа на свој хотел на Гренланд, откако потврди дека неговата администрација е заинтересирана за купување на Островот. Фотомонтажата е објавена откако премиерката на Данска и на Гренланд, Мете Фредериксен и Ким Киелсен изјавија дека полуавтономната данска територија не е на продажба.

Рио де Женеиро – Непознат вооружен маж киднапирал патнички автобус и држи како заложници 18 луѓе, заканувајќи се дека ќе го запали возилото на средина на мостот, кој го поврзува Рио де Женеиро со Нитерој.Полицијата го блокира реонот, а сообраќајот кон и од мостот е прекинат.

 

Back to top button
Close