МИА Флеш

МИА Флеш

Никола Поповски е именуван за нов вршител на должност – главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, стои во дописот од Банката до Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје.

13:00/20 август 2019

Скопје – Никола Поповски е именуван за нов вршител на должност – главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, стои во дописот од Банката до Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје.

Скопје – Заменик-министерката за финансии Ширет Елези очекува ребалансот на Буџетот да биде готов најдоцна до крајот на септември или почетокот на октомври.

Скопје – Во Основниот кривичен суд во Скопје, денешното рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство се одложи за 30 август, заради отсуство на судијата Огнен Ставрев, кој го води предметот, а во моментов е на боледување.

Скопје – Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Скопје – Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје вчера се здобиле со повреди по пад од висина.

Куманово – Кумановци од денеска  до 6 септември годинава ќе имаат можност актвно да се вклучат во креирањето на планот за одржлива урбана мобилност, да ги искажат своите инцијативи и мислења со учество во анкетата која е достапна на веб страната на општината  и со тоа да придонесат да се обезбеди дефинирање на вистинските проблеми при мобилноста во Куманово и да изнајдат квалитетни решенија со кои ќе се подобри квалитетот на животот.

Скопје – Продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи, соопшти УХМР.

Куманово – Кумановската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишен кумановец кој за помалку од три месеци извршил пет тешки кражби на различни локации во градот,  информираа денеска од СВР Куманово.

Скопје – Специјалистите по семејна медицина од денеска можат да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина, соопшти Министерството за здравство.

Кичево Од раните утрински часови се до 11:00 часот денеска голем дел од Општина Кичево беше без напојување со електрична енергија.

Приштина – Сите одлуки што ги донеле министрите во косовската Влада во последниот месец, откако премиерот и претседател ан Алијанската за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, поднесе неотповиклива оставка, се неуставни, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Вашингтон – Американскиот Стејт департамент денеска ги повика турските власти под итно да ги прекинат сите „незаконски активности“ во кипарските територијални води и оттаму да го отстранат својот сондажен брод „Јавуз“, јави денеска весникот „Катимерини“.

Лондон –Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале по телефон за Брегзит и за американско-британскиот договор за слободна трговија.

Вашингтон САД и ставија јасно до знаење на Владата во Атина дека секое настојување да му се помогне на иранскиот танкер, кој плови кон грчките води откако е ослободен во Гибралтар, ќе значи поддршка на оние кои Вашингтон ги смета терористи, а тоа би можело да има потенцијални кривични последици.

Back to top button
Close