МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13:00/19 август 2019

13:00/19 август 2019

Скопје – Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до 14 часот треба да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од предметот „Титаник 3“ на СЈО.

Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка по барањето на адвокатот на одбраната Еленко Миланов информира дека снимката со барањето ќе биде доставена до надлежните согласно законот за иземање на обвинителите. Според појаснувањето на обвинителката Фетаи, за нив, надлежен за изземање е нивната шефица Јанева.

Скопје – По првиот циклус обуки, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“, спроведена од Британскиот совет и финансирана од Владата на Велика Британија, денеска почнува вториот циклус обуки за раководители на училиштата во Охрид и во Штип, по што на 21 август следува и обука за наставници.

Оваа програма вредна 10 милиони фунти, ќе опфати 380 наставници во 63 училишта во наредните неколку месеци. Исто така, 2.000 micro:bit уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје.

Скопје – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе престојуваат во работна посета на Данска, во чиј фокус ќе биде донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија во октомври годинава.

Во рамки на посетата, како што е најавено, предвидени се одделни средби со министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, со главниот советник за европски прашања во Канцеларијата на данскиот премиер Вибеке Пастернак Јоргенсен, како и со други релевантни соговорници.

Скопје – Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“, што е поставен на веб-страницата на Министерството.

За неполни три месеци откако стапија во сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем, соопшти денеска Министерството за финансии.

– Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете, е причината за големиот интерес, стои во соопштението.

Скопје – Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Феати и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, денеска побара браниетлот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов.

Судот по барањето треба се произнесе по паузата.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Скопје – Екипи на Град Скопје вчера ги завршија градежните активности за реконструкција на мостот „Гоце Делчев“ во двата правци. Од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.

Како што соопшти Град Скопје, комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена, од нивниот почеток на 9 јули 2019 година.

Истанбул – Турската полиција уапси 418 лица во 29 провинции во рамки на истрагата против осомничени за поврзаност со забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Исто така, поради истрагата во врска со тероризам, турските власти ги смениле прокурдските градоначалници во Дијарбекир, Ван и Мардин и на нивно место поставиле државни гувернери во овие провинции во југоисточниот дел на земјата, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Атина – Реформите што владата планира да ги спроведе со очекува да бидат на агендата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговите средби во Париз и Берлин, jави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, според грчката новинска агенција АНА-МПА, во четврток ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, додека пак за 10 дена, на 29 август, како што е веќе и официјално најавено ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Париз – Сите студенти во Франција сместувањето, исхраната и особено превозот следнава универзитетска година, што почнува во септември, ќе ги чини за 2,86 отсто поскапо. Странските студенти од неевропските земји, кои студираат во Франција, во најголем број нема да бидат погодени од реформата со која се предвидуваше зголемување на правото на запишување на година во просек од 1490 отсто, јавува дописникот на МИА.

Трошоците за студентскиот живот во Франција се искачува од година во година. Според извештајот на Националната унија на француски студенти (УНЕФ), оваа година трошоците ќе нараснат за 2,83 отсто, „што е значително зголемување и е многу повисоко од  инфлацијата“.

Екатеринбург – Борбен авион Миг-31БМ од поморската авијација на руската Тихоокеанска флота за миг се најде во вселенскиот простор над Земјата, соопштија руските власти.

„Овие нови модернизирани височински борбени авиони пресретнувачи, Миг-31БМ, првпат беа употребени во воени вежби“, соопшти Источниот воен округ на руската војска.

Дамаск – Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека турски оклопни возила, наполнети со оружје, ја минале границата и влегле во Саракиб, а крајна цел им е градот Хан Шејхун.

Во соопштението на сириското министерство овој најнов случај се оценува како „скандалозно турско мешање“, пренесоа руските медиуми.

Дубаи – Иран ги предупреди САД да не се обидуваат повторно да го запленат иранскиот танкер со нафта на отворено море, откако тој го напушти Гибралтар, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Според податоците за следење на поморскиот сообраќај, иранскиот танкер испловил од Гибралтар и се движи кон Грција.

 

Back to top button
Close