0_Спорт.ПорталФудбал

Луис за Арсенал: Можев да изберам многу поудобна опција, да заработам пари и да живеам мирно

Со Челзи, бразилскиот централен дефанзивец еднаш ја освои титулата во Англија (2017) и трофејот во Лигата на шампионите (2012), како и ФА Купот (2012 и 2018) и Лигата на Европа (2013 и 2019).

Лондон, 19 август 2019 (МИА) – Дефанзивецот Давид Луис изјави дека решил да се пресели од Челзи во градскиот ривал Арсенал затоа што имал потреба од нов предизвик.

– Јас сум полн со амбиција, затоа и се решив на овој трансфер. Ми се допаѓаат новите предизвици, новите работи. Ми дава кислород и мотивација. Можев да изберам многу поудобна опција, да заработам пари и да живеам мирно. Сите знаат дека бев среќен во Челзи, со кого освоив многу трофеи. Имав искрен разговор со (менаџерот) Лампард и стана јасно дека имавме различни визии за сезоната. Па така најдоброто нешто за обете страни беше да покажеме почит и да се разделиме, изјави Бразилецот, кој забележа 248 натпревари со 18 голови и 12 асистенции во неговите два периоди на „Стемфорд Бриџ“ – 2011-2014 и 2016-2019 година.

Со Челзи, бразилскиот централен дефанзивец еднаш ја освои титулата во Англија (2017) и трофејот во Лигата на шампионите (2012), како и ФА Купот (2012 и 2018) и Лигата на Европа (2013 и 2019).вз

Таг
Back to top button
Close