0_Спорт.ПорталФудбал

Луис не се појавил на тренинг на Челзи, сака во Арсенал

„Топџиите“ се насочија кон Бразилецот, откако не успеаја да ги земат Даниеле Ругани и Дајот Упамекано, а им треба итна замена за Лоран Кошчелни.

Лондон, 7 август 2019 (МИА) – Со приближувањето на крајот на преодниот рок во Премиер лигата, станува се по интересно.

„Дејли мејл“ тврди дека дефанзивецот на Челзи, Дзвид Луис, започнал штрајк во обид да си обезбеди трансфер во Арсенал.

„Топџиите“ се насочија кон Бразилецот, откако не успеаја да ги земат Даниеле Ругани и Дајот Упамекано, а им треба итна замена за Лоран Кошчелни.

Се тврди дека Луис денес не се појавил на тренингот на „сините“, откако дознал дека го бара лондонскиот ривал, за кој се очекува да излезе со конкретна понуда за него во рок од неколку часа.

Ова е втор период на искусниот фудбалер на „Стемфорд Бриџ“, каде тој прво играше помеѓу 2011 и 2014 година, а потоа се врати во 2016 година.

Минатата сезона тој забележа 50 настапи на сите турнири.вз

Таг
Back to top button
Close