0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштествоСкопје

Локализирани 70 проценти од пожарот кај Љубин, интервенира и авион на ДЗС

Локализирани се 70  проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Скопје, 19 август 2019 (МИА) –  Локализирани се 70  проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.

– Кај што можеа да  влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.

 

По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје.

 

Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија, каде беше зафатена поголема површина мешана шума.лв/ац/

фото: МИА

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close