Политички партии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во посета на Берово

Ја користам оваа прилика на сите верници од православна христијанска вероисповед да им го честитам овој голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица и да им посакам многу здравје, среќа, успех, бериќет за нив за нивните семејства.

Скопје, 28 август 2019

Ја користам оваа прилика на сите верници од православна христијанска вероисповед да им го честитам овој голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица и да им посакам многу здравје, среќа, успех, бериќет за нив за нивните семејства. Да останеме спокојни во овој неспокој, да добиеме правда во сиот овој спектар на неправда којшто нас не опкружува и практично да успееме заеднички сите да се избориме сите овие беспаќа кои што ги генерира оваа политичка каста која што денеска ја води Република Македонија. Секоја година последниве четири години сум овдека во Берово помеѓу верниците, помеѓу граѓаните и можам да кажам дека секоја година се полошо и полошо се живее, луѓето од година во година се охрабруваат и ги презентираат сите оние проблеми кои што практично се дел од нивното секојдневие. Како оваа година што слушнав поплаки жалби и незадоволства можам да кажам дека немало година која што тоа сум го слушал. Имаме за жал раководство, политичка каста во оваа држава која што полна им е устата со правда, а гледаме дека насекаде имаме или рекетирање или неправда. Имаме раководство коешто кажува дека блескаме дека имаме економски подеми, но за жал гледаме дека напротив граѓаните тешко живеат и дека се соочуваат со беспарица и силен економски притисок врз нивните семејни буџети и паричници. Практично сето она кое што денеска јас го говорам е практично приказ на секојдневието, вчера бев во Радовиш денеска сум овде во Малешевијата понатаму продолжувам во текот на денот во Крива Паланка, ќе го посетам манастирот Јоаким Осоговски, и ќе поразговарам секако со паланчани за сето она кое што е нивно секојдневие.

Новинарско прашање: Вчера сте биле во Радовиш, денеска сте во Малешевијата, заминувате во Крива Паланка, на што најмногу ви се жалат, кои се оние најголемите маки со кои што се соочуваат жителите од овој регион?

Одговор на Христијан Мицкоски: Лошиот живот, иселувањето на луѓето, имајќи во предвид дека ова се земјоделски краеви, земјоделието е во катастрофална, очајна состојба, запуштено, без нималку внимание од оваа политичка каста која што е денеска во Владата на Република Македонија. Онаa неправда која што е секојдневие во нивните животи, сведоци се и на мега скандалот Рекет но тоа е само почеток на откривањето на сето она злосторство кое што е правено врз македонскиот народ, македонската држава и граѓаните на Република Македонија еве веќе трета година по ред од страна на оваа политичка каста. ВМРО-ДПМНЕ е заедно со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ од прво лице ги слуша проблемите на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ ќе има единствена цел пред себе да понуди решенија за овие проблеми, но вистински честито и тоа е главниот предизвик бидејќи се плашам дека Македонија ќе нема повторно можност и шанса за да опстане доколку и следната влада на Република Македонија ги изневери очекувањата на граѓаните.

Новинарско прашање: Кое е вашето очекувано, од она што го рече министерката Дескоска доколку нема двотретинско мнозинство ќе се прави промена на Законот за јавни обвинители?

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас сум го кажал тоа во минатото, ќе го повторам дека не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она што е дел од нејзините прес конференции и интервјуа кои што ги дава по медиумите, а тоа изразената желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Иако навистина не знам и се чудам на што се должи сето тоа, бидејќи како што знам нејзиното семејство долго време соработуваше со политичките елити од минатото кои што функционираа од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Она со таа нејзина прес конференција наместо да искористи прилика да се извини на граѓаните на Република Македонија поради оние непримерни моменти прегрнувања и непосредности со познатото лице Боки тредичи да даде неотпвиклива оставка. Гледаме дека она не само што тоа не го направи туку напротив повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството не водејќи сметка да направи реформи во обвинителството нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките не истомисленици. За жал како универзитетски професор и како педагог вчера испушти уште една таква можност да се претстави во вистинско светло пред граѓаните на Република Македонија односно да го стави приоритетот на реформите наместо личната омраза и освета.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close