0_Спорт.ПорталКошарка

Лејкерс се насочуваат кон Двајт Хауард по повредата на Казнс

Во исто време, раководството на Лејкерси очајно бара нов центар, откако стана јасно дека Демаркус Казнс, кој беше привлечен претходно ова лето, ги скинал лигаментите и ќе биде аут за целата сезона. Според Шамс Чаранија од „Атлетик“ Хауард е главна опција пред тимот од Лос Анџелес, но доколку преговорите не успеат, тимот ќе се обиде да привлече друг ветеран - Јоаким Ноа.

Лос Анџелес, 18 август 2019 (МИА) – Раководството на Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе бара дозвола за преговори со центарот Двајт Хауард, објави веб-страницата „Атлетик“. Хауард (33), поранешен играч на „езерџиите“, во моментов е дел од составот на Мемфис Гризлис, но тимот од Тенеси веројатно нема да ги користи неговите услуги оваа сезона.

Во исто време, раководството на Лејкерси очајно бара нов центар, откако стана јасно дека Демаркус Казнс, кој беше привлечен претходно ова лето, ги скинал лигаментите и ќе биде аут за целата сезона. Според Шамс Чаранија од „Атлетик“ Хауард е главна опција пред тимот од Лос Анџелес, но доколку преговорите не успеат, тимот ќе се обиде да привлече друг ветеран – Јоаким Ноа.

Двајт Хауард играше за Лос Анџелес Лејкерс во сезоната 2012/13. Тој беше привлечен во мегафрансфер од Орландо Меџик, но неговите огромни очекувања за него тогаш не се остварија и по само една година си замина од „Градот на ангелите“ и се пресели во во Хјустон. Во својата кариера, Хауард, осумкратен играч во Натпреварот на ѕвездите, има просек од 17,4 поени и 12,7 скока по натпревар.вз

Таг
Back to top button
Close