Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Харадинај ја поздрави одлуката за распуштање на Парламентот

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави денешната одлука на претседателството на парламентот за датум на распуштање на тоа законодавно тело.

Приштина, 5 август 2019 (МИА) – Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ја поздрави денешната одлука на претседателството на парламентот за датум на распуштање на тоа законодавно тело.

Харадинај изјави дека одлуката на собраниското претседателство за одржување расправа на 22 август за распуштање на тоа тело е „соодветна и согласно законите и Уставот“. Со одлуката, според Харадинај, трасиран е патот на изборниот процес „како единствена и неопходна опција“. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close