СветСвет.Портал

Британскиот воен брод ХМС Кент плови кон Персиски Залив

Британскиот воен брод ХМС Кент синоќа се упати кон Персиски Залив и ќе се приклучи на мисијата предводена од САД за заштита на комерцијалните бродови во момент на политички тензии помеѓу Западот и Иран

Лондон, 13 август 2019 (МИА) – Британскиот воен брод ХМС Кент синоќа се упати кон Персиски Залив и ќе се приклучи на мисијата предводена од САД за заштита на комерцијалните бродови во момент на политички тензии помеѓу Западот и Иран.

– Нашата цел во Персиски Залив останува да цврсто влијаеме на деескалација на тензиите, изјави еден од офицерите на британскиот брод.

Мисијата за заштита на комерцијалните бродови беше иницирана откако Иран заплени еден британски танкер во Ормутски Теснец откако британските маринци во близина на Гибралтар запленија ирански брод на 4 јули под сомнение дека криумчари нафта за Сирија.

Бродот Кент ќе му се придружи на бродот Данкан кој веќе е оперативен во Персиски Залив. ми/

Таг
Back to top button
Close