0_Спорт.ПорталОстанато

Ботас: Заостанувањето зад Хамилтон е многу поголемо отколку што би сакал да биде

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас признава дека неговите резултати во однос на клупскиот колега Луис Хамилтон оваа сезона не оставаат многу простор за задоволство.

Лондон, 11 август 2019 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас признава дека неговите резултати во однос на клупскиот колега Луис Хамилтон оваа сезона не оставаат многу простор за задоволство.

По добриот почеток на сезоната, Финецот во моментов заостанува 62 бода зад Британецот.

  • Тоа е голем јаз, многу поголем отколку што би сакал. Не можам да сторам ништо околу тоа. Не сакам да размислувам за тоа сега. Јас ќе продолжам да се борам, но ситуацијата е комплицирана, изјави Ботас.

Во поредокот во шампионатот Формула 1 лидер е Хамилтон со 250 бода, Ботас е втор со 188.

Досега се извозени 12 трки, остануваат уште девет до крајот на сезоната. зс/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close