БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Баша: Избори на есен нема да има, опозицијата бара избори без Рама

Лидерот на албанската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша демантираше дека во обединетата опозиција има каков било судир или разлики за 13 октомври, датумот кога претседателот Илир Мета ги презакажа локаланите избори

Тирана, 9 август 2019 (МИА) – Лидерот на албанската Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша демантираше дека во обединетата опозиција има каков било судир или разлики за 13 октомври, датумот кога претседателот Илир Мета ги презакажа локаланите избори.

Баша наведе дека 13 октомври го признава како законски ден за локалните избори, но оти тој и ПД се на став дека нема да има избори на есен.

Тој додаде дека тие се за преодна влада без Еди Рама и одржување на предвремени парламентарни во исто време со локалните избори.

– Нема никаков раскол, ниту најмало недоразбирање во обединетата опозиција. Тринаесетти октомври е единствениот уставен датум за избори во Албанија. Централната изборна комисија (ЦИК) требаше да ја спроведе уредбата на шефот на државата и затоа сите ќе бидат сносат законска и кривична одговорност.

Но, ние мора да правиме разлика помеѓу партиските одлуки и владеењето на правото. Одлуките да се учествува или не на избори се партиски одлуки и тие не го кршат законот независно дали ќе одлучат дали ќе учествуваат или не на избори, посочи Баша.

Деновиве албанските медиуми јавија за раскол во албанската обединета опозиција откако три политички партии се пријавија за учество на локалните избори закажани со последната уредба на претседателот Илир Мета и не пријавувањето на Демократската партија, која ја предводи опозицијата.

Петти август беше крајниот рок, во согласност со уредбата на Мета, политичките партии да се регистрираат за локалните избори закажани на 13 октомври. До ЦИК барање за регистрација на изборите доставија Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, Републиканската партија на Фатмир Медиу и Аграрната партија на Агрон Дука.

Барањата не ни беа разгледани, бидејќи на закажаното време за седница на комисијата присутен беше само претседателот Клемент Згури. Четворицата други членови, кои се од владејачката Социјалистичка партија не присуствуваа зашто и претходно се изјаснија дека не ја признаваат уредбата на Мета и оти избори имало на 30 јуни. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close