0_Спорт.ПорталФудбал

Арсенал со петто ново засилување

Дефанзивецот беше една од главните мети на „топџиите“ ова лето. Сепак, договорот се покажа како доста комплициран откако неколкупати беа одбиени понудите на лондонскиот тим.

Лондон, 8 август 2019 (МИА) – Арсенал официјално објави дека го привлекле левиот бек Киеран Тиерни од шкотски Селтик. Според „Трансфермаркт“, договорот е вреден 27 милиони евра.

Дефанзивецот беше една од главните мети на „топџиите“ ова лето. Сепак, договорот се покажа како доста комплициран откако неколкупати беа одбиени понудите на лондонскиот тим.

Киеран Тиерни е петтото ново засилување на „топџиите“ од пристигнувањето на Габриел Мартинели, Дани Себаљос, Никола Пепе и купувањето на Вилијам Салиба, кој сепак се врати за едносезонски наем во Сент Етјен.вз

Таг
Back to top button
Close