Дописници МКДОпштински вести

Акција за чистење на планината Голак

Екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ со поддршка на Територијалната противпожарна единица од Делчево извршија чистење на планината Голак. Акцијата што беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и локациите каде вечерта на 8 август ќе се одржува традиционалниот фолклорен настан „Голачки фолклорни средби".

Делчево, 6 август 2019 (МИА) – Екипи на Јавното претпријатие „Брегалница“ со поддршка на Територијалната противпожарна единица од Делчево извршија чистење на планината Голак. Акцијата што беше во организација на Општина Делчево ги опфати локациите кои се најпосетувани од туристите и локациите каде вечерта на 8 август ќе се одржува традиционалниот фолклорен настан „Голачки фолклорни средби”.
– Во рамките на акцијата беше исчистено ѓубрето, искосена зелената површина, беше извршено и перење на летната сцена, спортските терени и на дел од патот, а санирана е и урбаната опрема, односно обновени се клупите и летниковците. Исто така, поставени се канти за отпадоци и контејнери, а за излетниците ќе бидат обезбедени и ќеси за отпад.
Акцијата за чистење на Голак го опфати и делот покрај манастирот „Св.Пантелејмон” на највисокиот врв на Голак, Чавка каде по традиција на денот посветен на овој светец, присуствуваат илјадници гости.
Од Општина Делчево и од ЈПКД „Брегалница“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат животната средина и со свој пример за време на одржување на настанот да придонесат за чистотата на планината Голак и отпадоците да ги фрлаат на места определни за тоа. вс/бт/

Таг
Back to top button
Close