0_Спорт.ПорталТенис

Зверев ќе ја прекине соработката со Лендл

Германскиот тенисер Александар Зверев, изрази големо незадоволство од неговиот тренер, инаку поранешен легендарен тенисер, Иван Лендл.

Берлин, 18 јули 2019 (МИА) – Германскиот тенисер Александар Зверев, изрази големо незадоволство од неговиот тренер, инаку поранешен легендарен тенисер, Иван Лендл.

Петтиот тенисер на светот е незадоволен од однесувањето на Лендл за време на тренинзите.

– Се случува кога сме на тениски терен во текот на тренингот кој трае два часа, тој да ми го сврти грбот и да ми раскажува како утринава играл голф, како добил куче, ми вели дека оди да врши нужда. Голфот и неговото мало куче се главна тема, изјави Зверев.

Германецот отворено изјави дека никогаш повеќе нема да работат заедно, најавувајќи дека Лендл нема да го придружува на следниот турнир во Хамбург, а капката што ја прелеа чашата беше испаѓањето на стартот на Вимблдон. ем/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close