0_Македонија.ПорталKultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталПолитика

Жбогар: Сега е моментот за институционална соработка за исполнување на препораките на УНЕСКО

Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар вели дека сега е моментот за вистинска соработка помеѓу сите институции за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид.

Охрид, 18 јули 2019 (МИА) – Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар вели дека сега е моментот за вистинска соработка помеѓу сите институции за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид.

– Секогаш верувам дека е подобро сами со сопствени сили да се справите со проблемите. Од 4 јули кога УНЕСКО ја даде препораката, до 1 февруари има 30 недели што можат да се искористат за да се реши проблемот. Од тогаш поминаа две недели и не гледаме никаков резултат, иако сметам дека навистина треба да се вложат сите напори за да дојде до тој резултат, изјави амбасадорот Жбогар одговарајќи на новинарско прашање во врска со препораките на УНЕСКО.

Тој рече дека вчера имал средба со неколку активисти и коактивисти кои, како што рече, со него ја споделиле загриженоста дали воопшто препораките ќе можат да се исполнат.

– Сметам дека сега е моментот кога треба да видиме вистинска соработка помеѓу институциите на национално ниво, Владата, Парламентот, општините, локалните самоуправи и да се најдат нови начини за справување со проблемот. Потребна ни е нова енергија, нов начин за да се среди тоа, изјави Жбогар денеска во Слатино. аб/дма/

Back to top button
Close