ЕвропаЕвропа.Портал

Зголемена активноста на вулканот Етна во Сицилија

Зголемена е активноста на вулканот Етна во Сицилија, објавија експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија.

 Катанија, 19 јули 2019 (МИА) – Зголемена е активноста на вулканот Етна во Сицилија, објавија експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Италија.

Тоа е ерупција од таканаречениот „нов кратер“, кој се наоѓа на врвот на југоисточната падина на планината Етна. Последен пат вулканот „се разбуди“ на 14 јули.

Синоќа специјални термички камери откриле формирање  жешки фонтани од лава, експлозии, емисии на пепел, па дури и мал прилив на лава. Овие феномени се проследени со земјотрес од ниска до средна јачина.

Вулканолозите од Сицилијанскиот центар ја оценија ситуацијата како релативно мирна.

Новото зголемување на вулканската активност нема да влијае на работата на меѓународниот аеродром во Катанија, каде што често, поради силни емисии на пепел, е неопходно да се спречи полетувањето и слетувањето на авионите.

Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, а во јуни 2013 година е ставен на списокот на УНЕСКО како светско наследство. Во март 2017 година, десет лица беа повредени за време на ерупцијата на вулканот. паг/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close