БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Врховниот командант на силите на НАТО за Европа денеска во Косово

Врховниот командант на НАТО за Европа и командант на европската команда на американските сили, генералот Тод Д. Волтерс денеска ќе престојува во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 18 јули 2019 (МИА) – Врховниот командант на НАТО за Европа и командант на европската команда на американските сили, генералот Тод Д. Волтерс денеска ќе престојува во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти косовското Министерство за одбрана, Волтерс претпладнево ќе биде примен од министерот Рустем Бериша, а потоа ќе се сретне и со командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), генералот Рахман Рама.

Генералот Волтерс во Приштина доаѓа по посетата на Србија, каде што вчера, меѓу другото, имаше средба и со претседателот Александар Вучиќ. иа/гт/ 

Таг
Back to top button
Close