Дописници МКДОпштински вести

Во Велес санирано детското игралиште во населбата Тунел

По налог на општина Велес вработени од ЈКП „Дервен“ неделава извршија санирање и поправка на лулашките и другата урбана опрема на детското игралиште во населбата Тунел во Велес.

Велес, 31 јули 2019 (МИА) – По налог на општина Велес вработени од ЈКП „Дервен“ неделава извршија санирање и поправка на лулашките и другата урбана опрема на детското игралиште во населбата Тунел во Велес.

Како што посочуваат од Општина Велес оштетувањето на лулашките и урбаната опрема на ова и другите игралишта и јавни места во Велес е последица на вандалските дивеења на поедини млади и групи во доцните вечерни и рани утрински часови по полноќ и апелираат до нивните родители да се загрижат за тоа каде се и што прават нивните малолетни деца во ноќните и рани утрински часови.

Коцевски посочи дека со цел да се заштити урбаната опрема од вандализам Локалниот совет за превенција од детско престапништво заедно со полицијата, започнале со едукативни патроли на јавните локации и кафетерии во градот. Тој информира  дека во доцните ноќни часови  на повеќе јавни локации биле затекнати малолетни лица 

-Апелирам до родителите да го имаат во предвид законот  и да не дозволат малолетните деца да бидат затекнати на улица доцна во ноќта. Апелирам да се загрижат и да се запрашаат каде се’ и што прават нивните малолетни деца,во доцните вечерни и рани утрински часови,апелира Коцевски.

Од Општина Велес посочуваат   дека наместо за изградба на нови  проекти,водоводи, улици и патишта,Општината за поправки на урбаната и друга опрема низ градот,од општинскиот буџет  мора  да  издвојува  дополнителни финансиски  средства за иста намена.ад/ир

Таг
Back to top button
Close