Дописници МКДОпштински вести

Во Штип обука за проекти од Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија

Околу 40 претставници од 17 општини, државни и локални институции, невладини организации од Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион денеска во Штип имаа обука како да ги реализираат проектите кои ги добија преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Штип, 18 јули 2019 (МИА) – Околу 40 претставници од 17 општини, државни и локални институции, невладини организации од Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион денеска во Штип имаа обука како да ги реализираат проектите кои ги добија преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Раководителот на Програмата за меѓугранична соработка, Николај Дончев информира дека на располагање имаат 5,1 милион евра, а договорите меѓу партнерските општини и институции веќе се потпишани, со што веќе е почната имплементацијата на проектите. Дончев оцени дека во изминатите години општините и институциите  од трите плански региони покажале дека знаат да прават и да реализираат проекти финансирани од фондовите на ЕУ.

 –Впечатокот од општините и организациите на Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион е дека со проектите се справуваат многу добро. Има голем интерес кон нашата програма. По првиот повик имавме 217 проекти, а по вториот повик имаме 165 проекти. Што е една добра бројка и покажува голем интерес, знаење и умеење за спремање на проектната документација, рече Дончев.

Директорката на Центарот за равој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева соопшти дека преку овој повик 80 отсто од проектите преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се инфраструктурни проекти, а 20 отсто се меки проекти.

 – Ова е, за жал, програма којшто има најмал обем на буџети за разлика од програмата со Грција, каде што буџетите се повеќе од 700.000 или 800.000 евра. Овде од оваа програма максимален буџет е 500.000 евра, коишто се однесуваат за проекти од областа на туризмот, 400.000 евра од областа на енергетската ефикасност. Тоа значи дека значително помалку средства добиаме за имплементација на проекти. Но, тоа се критериуми на Европската унија, вели Здравева.

Во Источно планскиот регион со европски пари ќе се реконструира Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, потоа во Кочани ќе се прави Мултимедијалец центар, во Берово ќе се гради пешачка и велосипедска патека и изградба на коритото на река Брегалница и истражување на археолошки работи на црквата Свети Власии на тврдината Исар во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски вели дека општините имаат капцитети за реализација на европски проекти, како општини од овој регион имаат постојано подготвени проекти, со коишто можат да аплицираат и до европските фондови и од државниот буџет. вдј/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close