0_Web_Избор на уредникотSvet.SlajderБалканБалкан.ПорталВидео изјаваДописници Свет

Во невреме на Халкидики загинаа шест лица (видео)

Во силното невреме што вечерва ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени в болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 11 јули 2019 (МИА) – Во силното невреме што вечерва ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени в болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во Неа Плагија, Созополи и Потидеа на Халкидики.

Според истите информации, 54-годишна Романка загинала кога врз неа се урнал кров од таверна, во Созополи во невремето бил превртен автомобил-приколка и животот го загубиле двајца туристи од Чешка, а во Потидеа дрво паднало врз 39-годишен Русин и неговиот двегодишен син.

За шестата жртва, која им подлегнала на повредите на пат кон болница, нема дополнителни информации. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close