БалканБалкан.Портал

Во лабораторија за производство на марихуана пронајден еден тон дрога

Во оперативната акција „Уникат“ на подрачјето на Бања Лука, полицијата на Република Српска пронајде голема лабораторија за производство на марихуана и уапси четири лица.

Бања Лука, 15 јули 2019 (МИА) – Во оперативната акција „Уникат“ на подрачјето на Бања Лука, полицијата на Република Српска пронајде голема лабораторија за производство на марихуана и уапси четири лица.

Станува збор за вештачка лабораторија за производство на сканк, во која, според проценките, е пројаден еден тон дрога.

Акцијата е спроведена од полициски службеници при Управата за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Окружното јавно обвинителство на Бања Лука. гт/

Таг
Back to top button
Close