Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Во Крушево трибина за придобивките од развојот на екотуризмот

Трибина „Придобивки од развојот на екотуризмот" ќе се одржи денеска во Крушево, во организација на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Скопје, 22 јули 2019 (МИА) – Трибина „Придобивки од развојот на екотуризмот” ќе се одржи денеска во Крушево, во организација на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Според најавата, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе зборува на темата „Екотуризмот и неговите придобивки за локалниот економски развој“, а државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска ќе говори за активностите на овој ресор за развој на туризмот.  Ќе се дебатира и на темите „Крушево – дестинација за четири сезони“, како и „Параглајдеризмот како алтеративна форма на туризам”

Најавено е обраќање и на претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.лв/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close