БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Косово уапсени двајца Срби осомничени за шпионажа

Во Косово уапсени двајца Срби осомничени за шпионажа

Приштина, 11 јули 2019 (МИА) – Косовската полиција соопшти денеска дека на граничниот премин Бела Земја на границата со Србија уапсила две лица осомничени за шпионажа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во краткото полициско соопштение се наведува дека лицата се косовски државјани од српска националност.

На осомничените, со одлука на надлежен обвинител, им е одредена мерката притвор. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close